„Појадокот на мост“ покажа колку е народот гладен
Најновиот изум на моменталната власт, “Појадокот на мостот”, уште еднаш покажа колку народот е гладен и сиромашен. Илјадници луѓе буквлано се “бореа” за парче леб и чаша сок!
| Маја Савиќ | Македонија
Појадок на мост
Најновиот изум на моменталната власт, “Појадокот на мостот”, уште еднаш покажа колку народот е гладен и сиромашен. Илјадници луѓе буквлано се “бореа” за парче леб и чаша сок!
Иако беше предвидено појадокот да биде за 2.000, пред мостот се појавија можеби двојно повеќе луѓе. Обезбедувањето кое се наоѓаше на двете страни од Камениот мост беше немоќно да го воспостави редот, бидејќи имаше луѓе кои сакаа по секоја цена да појадуваат и буквално грабаа од послужавниците на келнерите и ставаа во ќеси.
Мотивирани од стомакот, гладните гости не ни ги забележаа двајцата гитаристи и едниот виолончелист, кои градските власти ги ангажираа за појадокот да мине во пријатна и хармонична атмосфера. Звуците на гитарите ги надвладеаја жалбите и поплаките на пензионерите кои каде гладни, уште беа и изнервирани од лошата организација.
Појадокот беше во организација на Град Скопје, а 200-та маси дефинитивно беа премалку за да ги соберат сите гладни скопјани кои сакаа да се дел од манифестацијата во чест на празникот Мала Богородица и (бесплатно) да појадуваат со градоначалникот Коце Трајановски.
Сепак, добро е, гладниот народ барем виде и се увери дека “Скопје 2014” се гради по предвидениот рок, можеби тоа ги заситува…
{loadposition content9}