Skip to main content

Македонски полициски синдикат

МПС : Полицајците покажаа како се чува безбедноста на граѓаните и државата

Полицајците најпрофесионално покажаа како се чува безбедноста на граѓаните и државата и беа на висина на своите задачи, велат од МПС.
 |  инфодеск  | 
Полицајци Делчев

Во име на раководството и на бројното членство на МПС упатуваме честитки до сите припадници на полицијата кои вчера, за време на чествувањето на денот на раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев, најпрофесионално покажаа како се чува безбедноста на граѓаните и државата и беа на висина на своите задачи со што овозможија достојна реализација на планираните оперативни активности, се вели во соопштението на Македонскиот полициски синдикат.

„Свесни дека полициските активности вчера беа само финалната фаза, на која ѝ претходеа детални и активни подолготрајни подготовки и неколкудневна работа на терен, припадниците на полицијата од различни единици и служби, под раководство на Командно-оперативниот центар, покажаа како се функционира во еден здив, како се чува достоинството на државата и на професијата, што значи да си сервис на граѓаните. Почитувани колеги и колешки, полициски службеници, МПС ви благодари што уште еднаш покажавте како дејствува високопрофесионална полиција, вистински гарант на редот, мирот и безбедноста“, се додава во соопштението.