Skip to main content

Полицијата трага по тројцата исчезнати унгарски државјани

Полицијата трага по тројца унгарски државјани за кои постои сомнеж дека исчезнале во Охридското езеро со своите кајаци, соопшти МВР.

policija
полиција

Полицијата трага по тројца унгарски државјани за кои постои сомнеж дека исчезнале во Охридското езеро со своите кајаци, соопшти МВР.
Чуварот на автокампот Градиште пријавил во полиција дека кога влегле унгарските државјани во кампот на автомобилот „фиат добло“ имало три кајаци.

policijaАвтомобилот стоел се уште на паркингот во автокаммпот, а Унгарците и кајаците кои биле на автомобилот ги немало.

Унгарците влегле во Македонија преку граничниот премин Табановце на 5 мај. Од СВР Охрид велат дека засега не се пронајдени знаци кои укажуваат на тоа дека се случила трагедија.

На терен се патроли на езерската полиција кои вршат интензивно пребарување, а се проверува и можноста дали можеби лицата по кои се трага влегле во територјалните води на Албанија.Според информации од полицијата, Унгарците биле на возраст од 38, 35 и  31 година.

{loadposition content9}