Skip to main content

Голема полициска акција: Претреси во Скопје, Тетово и Куманово поради сомнежи за злоупотреба на службена должност

Полициски екипи денеска спроведуваат претреси на повеќе локации во Скопје, Куманово и Тетово поради малверзации со стоковите резерви.
 |  инфодеск  | 
Полиција

Поранешен заменик министер за земјоделство, еден директор и уште тројца раководители се меѓу осомничените во рамки на големата кација која од утрово ја спроведува полицијата во координација со ОЈО Скопје на повеќе локации во Скопјe, Тетово и Куманово.

Според информациите од повеќето медиуми, под сомненија за злоупотреба на службена положба и овластување, полицијата приведе поранешни директори во Агенцијата за стокови резерви, еден заменик министер и едно вешто лице. Тие се осомничени дека во текот на 2021-2021 година со неизвршување на својата службена должност, направиле отпис на 1,500.000 килограми меркантилна пченица и 500.000 кг јачмен од државните стокови резерви, со што причиниле штета на буџетот од околу 780.000 евра.