Од полноќ нови цени на горивата
Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесуваше 47,88 долари за барел
| инфодеск | Македонија
Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за половина денар, а цената на дизелот останува непроменета.
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС 95 ќе биде 62 денари, а на Еуросупер БС 98 ќе изнесува 64 денари. За половина денар се зголемува малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство и ќе изнесува 37 денари, додека мазутот ќе се продава за 23,008 денари за килограм.
Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесуваше 47,88 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот 54,52 денари