Од полноќ повисоки цени на нафтените деривати
Цените на бензините и на дизел горивата од утре се зголемуваат од денар до денар и половина по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
За еден денар се зголемува цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 и на Екстра лесното масло за домаќинства, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС- 98 и ЕУРОДИЗЕЛОТ се зголемуваат 1,5 денари за литар.
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од полноќ ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се точи за 69 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС- 98 за 71 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ за 58,50 денари, а Екстра лесното за 47 денари. Цената на мазутот се зголемува за 0,508 денари за килограм и тој ќе се продава за 32,124 денари за килограм.
Новите повисоки цени се должат за поголемиот курс на денарот во однос на долари, како и зголемените цени на суровата нафта на светските берзи.
{loadposition content9}