На полноќ стартува предизборниот молк
Денеска на полноќ завршува изборната кампања за вториот круг од локалните избори – утре и в недела е изборен молк.
Гласањето во втор круг ќе има во 29 општини и во градот Скопје, а првиот круг ќе се прегласува на три избирачки места во Струмица и на едно во Долнени.
Избирачкиот материјал е веќе предаден на општинските изборни комисии, кои треба да ги достават до избирачките одбори.
Утре гласаат болните и немоќните лица, лицата кои се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор и внатрешно раселените лица.
Втор круг гласање за градоначалници ќе има во Арачиново, Берово, Битола, Богданци, Брвеница, Бутел, Велес, Врапчиште, Гостивар, Дебарца, Делчево, Ѓорче Петров, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Карпош, Кочани, Куманово, Лозово, Могила, Ресен, Старо Нагоричане, Струга, Студеничани, Теарце, Тетово, Центар, Чаир, Чешиново-Облешево и градот Скопје.
Гласањето во првиот круг од локалните избори заврши во вкупно 49 општини.
{loadposition content9}