Skip to main content

Поминаа критичните 72 часа и нема повеќе починати, денес е последниот транспорт на пациенти за лекување надвор од државата

Од денешниот прес на министерот за здравство, Арбен Таравари.
 |  инфодеск  | 

Министерот за здравство Арбен Таравари информира дека денеска е последниот транспорт на пациенти кои ќе се лeкуваат во странство, од трагедијата во Кочани. Како што посочи, во 11:30 часот за Шведска денеска ќе бидат пренесени двајца пациенти, а после пладне уште тројца пациенти. Во текот на следните денови можно е и враќање на одредени пациенти кои се лекуваат надвор од државата.

-Добрата вест е што поминаа 72 часа и нема ниту еден починат од тие што ја преживеаја трагедијата во Кочани. Вкупно, се третираат 178 пациенти низ различни здравствени установи, од кои што 64 се во болниците во Македонија во државните болници, и 13 пациенти се во приватните болници. Сите се во релативно стабилна состојба, додаде министерот.

По прекинот што настана за третман на пациентите од пожарот во Кочани на хируршките клиники во Скопје од денеска ќе продолжат операциите за онколошки пациенти, а се очекува од утре клиниките да работат со целосно планираните програми, најави денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

Во болниците надвор од државата има 15 пациенти во Унгарија, во Србија 30, Грција 12, Турција 9, Унгарија и Австрија по 6, во Хрватска 5, Словенија 4, Литванија 4, Белгија 4, Италија 4, Полска 2 и за денес последното пренесување на уште 5 пациенти во Шведска.