Skip to main content

Во понеделеник македонска премиера на “Име е име“

Во понеделник 27-ми септември филмот “Име е име“ (A Name is a name) на продуцентот Џејсон Мико ќе ја има македонската и европската премиера во Скопје во киното “Милениум“.

 |  Маја Савиќ  | 
film
филм
mkВо понеделник 27-ми септември филмот “Име е име“ (A Name is a name) на продуцентот Џејсон Мико ќе ја има македонската и европската премиера во Скопје во киното “Милениум“.

Како што најавуваат продуцентите, филмот прво ќе има ВИП прикажување за актерската и техничка екипа, дипломати, претставници од владата, донатори и останатите. Потоа во 9,30 часот истата вечер филмот, што зборува за проблемот со името меѓу Македонија и Грција, ќе можат да го видат сите заинтересирани.

“Се надевам на многу позитивна реакција од публиката. Иако поентата на филмот веќе е позната и разбрана од македонскиот народ, јас секогаш велат дека постојат три цели на филмот прво да се едуцираат оние што не се Македонци за проблемот со името, да се охрабрат Македонците и да се забавуваат двете групи“, вели продуцентот Мико.

Филмот веќе го гледаат илјадници луѓе во Северна Америка и Австралија.

{loadposition content9}