Пониска цена на зелените картони
Од утре почнува примената на новите пониски цени на зелените картони, кои ќе имаат важност една година, наместо досегашните еден, три и шест месеци.
Зелениот картон за патничките возила до 66 киловати ќе чини 60 евра, за оние над 66 киловати 90 евра, а за товарните возила цената е 280 евра. Досега цената на зелениот картон за автомобилите се движеше од 40 евра за еден месец до 150 евра за една година, а за товарните возила чинеше 280 евра.
Вадењето зелен картон нема да биде задолжително, односно може секој да избере дали ќе го извади зелениот картон при регистрација на возилото или не.
Зелените картони издадени пред 1 септември ќе важат до истекот на рокот за кој се издадени.
Одлуката за намалувањето на цената на зелените картони ја донесе Владата во јули на својата прва седница
{loadposition content9}