Пописот во САД и на Mакедонски јазик
Службениот формулар за претстојниот попис на населението во САД е преведен и на Mакедонски јазик.
Службениот формулар за претстојниот попис на населението во САД е преведен и на Mакедонски јазик.
Националното биро за спроведување на пописот издаде формулар на Mакедонски јазик, што треба да им помогне на американските граѓани со македонско етничко потекло соодветно да го пополнат службениот прашалник за потребите на годинешниот попис.
Паралелно со ова, коалиција од македонски граѓански организации спроведуваат кампања меѓу македонската заедница во САД, соодветно да го декларираат нивното етничко потекло. Целта на ваквата акција е да се добие реален број на етнички Македонци што живеат во САД.
Ова е 23ти попис во историјата на САД. Неговото спроведување се очекува да чини околу 11 милијарди долари.
{loadposition content9}