Временска прогноза
Попладне дождливо и опаѓање на температурите
Во текот на денот ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат обилни, од 10 до 20 литри на метар квадратен.
| инфодеск | Македонија
Во текот на денот, најпрво во западните, а попладне и во текот на ноќта и во останатите подрачја на земјава, ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни, од 10 до 20 литри на метар квадратен.
Како што информира УХМР, локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силни електрични празнења, интензивен пороен дожд (над 35 литри на метар квадратен), град и силен ветер (над 60 километри на час). Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. УВ-индексот ќе биде 6.
Во сабота претпладне ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни, од 10 до 20 литри на метар квадратен. Температурата ќе биде во опаѓање.
Од недела следува стабилно и малку потопло време.