Skip to main content

Поради екстремно високите температури Македонија од денес во портокалова фаза

Согласно добиените информации од метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи, од денес територијата на целата држава ќе биде зафатена со високи температури од портокалова фаза.
 |  инфодеск  | 
Портокалова фаза

Согласно добиените информации од метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи, од денес територијата на целата држава ќе биде зафатена со високи температури од портокалова фаза, со максимални температури од 34 до 42 степени.

Во Охрид денес сончево и многу топло со мала до умерена локална облечност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 35 степени, а УВ индексот ќе биде 9.