Skip to main content

Поради турски серии немало кој да преведува учебници

Учениците од турската етничка заедница за малку ќе останеле без учебници бидејќи, речиси, сите преведувачи биле ангажирани да преведуваат турски серии.

 |  Маја Савиќ  | 
sheherezad
шехерезад
sheherezadУчениците од турската етничка заедница за малку ќе останеле без учебници бидејќи, речиси, сите преведувачи биле ангажирани да преведуваат турски серии. Така, фирмите што биле ангажирани да ги подготват книгите му се пожалиле на министерот за образование Никола Тодоров. Сепак, како што истакна Тодоров на вчерашната прес-конференција, учебниците биле готови на почетокот на училишната година и им се поделени на учениците. Но, според министерот, родителите му забележувале дека преводите се многу лоши поради што децата имаат потешкотии да го разберат материјалот.
Што се однесува до најавената ревизија на сите учебници, таа, како што рече министерот, се уште не почнала.
– До четврток очекуваме да се официјализираат сите рецензентски тимови, по што ќе почне ревизијата на учебниците. За проверка на еден учебник ќе бидат потребни од три до четири дена – истакна Тодоров.
Министерот додаде дека за учебниците во кои ќе бидат утврдени грешки и кои ќе мораат да бидат повлечени, ќе одговараат рецензентите, односно против нив ќе бидат поднесени тужби, како и против рецензентите на скандалозниот учебник по општество.

{loadposition content9}