Skip to main content

Пораст на минималната плата од март за 1.667 денари

Минималната плата од март годинава ќе изнесува 26.046 денари
 |  инфодеск  | 
Пари

Минималната плата од март годинава ќе изнесува 26.046 денари и се зголемува за околу 1.667 денари. Владата не попушти и пресече дека таа само законски ќе се усогласи. Сојузот на синдикатите на Македонија демонстративно ја напушти седницата на Економско-социјалниот совет. Најавуваат дека борбата за 600 евра минималец, и 6.000 денари раст на сите останати плати ќе продолжи од улица, со протести.

-Како што се плашевме, на денешната седница на Економско –социјалниот совет, претставниците на Владата планираат да ја усогласат минималната плата само онолку колку што е законското усогласување. Сојузот на синдикатите на Македонија не може да биде соучесник во состојба за работниците значи, односно само за оние работници кои примаат минимална плата 1.500 денари. Бараме 600 евра минимална плата, за најмалку 6.000 денари зголемување на сите останати плати, изјави Трендафилов.

-Откако сме избрани како Влада, до сега ги имаме регулирано односите со нашите колеги во повеќе од 95 проценти преку колективни договори кои важат до 2028 година, изјави Мицкоски. Тој додаде дека поради наследени проблеми од минатите влади, новата влада мора да ги решава и последиците од „нестручното, несовесно и лошо менаџирање“.

Министерот Дурмиши се осврна и на новата потрошувачка кошница изготвена од Владата, објаснувајќи дека кошничката на ССМ не е реална, бидејќи содржи трошоци за кирија, додека голем дел од населението живее во сопствен дом. Новата владина кошница опфаќа 101 основен производ, а според него оваа кошничка е 13 проценти поевтина од кошницата на ССМ.