Skip to main content

Пораст на морталитетот во Македонија

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Македонија бројот на умрените лица е зголемен за 3,4 отсто во однос на претходната година и изнесува 20.134 умрени лица.

mortalitet
морталитет

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Македонија бројот на умрените лица е зголемен за 3,4 отсто во однос на претходната година и изнесува 20.134 умрени лица. Поголем број се од машки пол и тоа 10.523 или 52,3 отсто од вкупно умрените лица.

градиБројот на умрените доенчиња изнесува 230 и нивното учество во вкупниот број на умрени лица изнесува 1,1 отсто на 100 умрени лица.

Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 70,3 години, односно 74,4 години кај лицата од женски пол, или за 4,1 година повисока просечна возраст се бележи кај жените.

Како и во минатите години, најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем, и тоа во 59,2 отсто случаи од вкупно умрените, па потоа се случаите кај кои како причина за смрт се јавуваат неоплазмите и тоа кај 18,3 отсто од случаите, па со 4,2 отсто се застапени случаите кај кои причина за смрт се ендокрините, нутритивните и метаболните болести, со 3,9 отсто се застапени случаите кај кои причина за смрт се болестите на респираторниот систем.

{loadposition content9}