Skip to main content

Поскапеа горивата

Горивата од синоќа на полноќ се продаваат по нови, повисоки цени.
 |  инфодеск  | 
Горива

Горивата од синоќа на полноќ се продаваат по нови, повисоки цени.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на бензинот БС-95 се зголеми за еден денар за литар, додека поскапување за денар и половина ќе има кај бензинот БС-98 и дизелот.

Од полноќ литар бензин БС-95 се продава за 78 денари за литар, бензинот БС-98 за 80,5 денари, а дизелот за 72,5 денари за литар.

Цената на екстра лесното масло за домаќинство, исто така се зголеми за денар и половина и тоа од денес ќе се продава за 72 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ од синоќа на полноќ за 0,073 денари за килограм се намалува цената на мазутот и ќе се продава за 45,711 денари за килограм.