Skip to main content

Поскапува дизелот

ЕУРОДИЗЕЛ поскапува за 1 денар.
 |  инфодеск  | 
Точење на гориво

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата. Цените на бензините останува непроменета, додека ЕУРОДИЗЕЛ поскапува за 1 денар.

ЕУРОДИЗЕЛ од утре ќе се продава по цена од 66 денари по литар. Цената на ЕУРОСУПЕР 95 останува 74,5 денари, и на ЕУРОСУПЕР 98+ останува 76,5 денари.

Поскапуваат и екстра лесното масло за домаќинство и мазутот. Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 1 ден. и од утре ќе се продава по цена од 68,5 денари. Цената на мазутот се зголемува за 0,6 денари и ќе изнесува 38,5 денари.