Skip to main content

Регулаторна комисија за енергетика

Поскапува дизелот

Цената на дизелот вечерва од полноќ се зголемува за 1,5 денари и ќе изнесува 95,5 денари, одлучи Регулаторната комисија.
 |  инфодеск  | 
Точење на гориво

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40%.

Притоа цената на дизелот се зголемува за 1,5 денари, додека цените на бензините не се менуваат.

Од вечер на полноќ ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава по 95,5 денари/литар, а ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 остануваат по иста цена, односно 95,5 и 98 денари/литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит. и сега ќе чини 94 денари/литар, а малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,503 ден/кг и сега ќе изнесува 53,343 ден/кг.