Skip to main content

Поскапуваат бензините, дизелот поевтинува

Според пресметката на Регулаторната комисија, малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 2,86 проценти во однос на претходната одлука.
 |  инфодеск  | 
Горива

Регулаторната комисија за енергетика ги утврди новите максимални малопродажни цени на горивата, кои ќе важат од полноќ. Според пресметката на Регулаторната комисија, малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 2,86 проценти во однос на претходната одлука. Како причина се наведува растот на референтните цени на горивата на светските пазари.

Бензините поскапуваат за по 3,50 денари за литар. Од вечерва на полноќ ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по максимална цена од 100,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 102,50 денари за литар. .

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за два денари, од 101 на 99 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 4,50 денари и ќе чини 109,50 денари за литар. Цената на мазутот се зголемува на 48,243 денари за килограм.

Кај дизелот е применета и повластена стапка на ДДВ од 10 проценти, согласно одлуката на Владата од 13 септември. Продолжува и примената на намалената акциза кај бензините и дизелот..