Skip to main content

Регулаторна комисија за енергетика

Поскапуваат горивата

Од ноќеска на полноќ дизел горивото поскапува за 3 денари и ќе изнесува 101,5 денари по литар, додека бензините поскапуваат 0,5 денари.
 |  инфодеск  | 
Точење на гориво

Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница донесе нова одлука за цените на горивата во малопродажба со која се врши нивно зголемување.

Најголемо поскапување ќе има кај дизелот за 3 денари и ќе се продава по цена од 101,5 денари за литар.

Поскапување ќе има и кај бензините, за 0,5 денари за литар. Со оваа измена Еуросупер БС 95 од ноќеска на полноќ ќе чини 89,5 денари за литар, додека Еуросупер БС 98 ќе се продава по цена од 92 денари.

Ова е првпат дизелот да биде поскап од бензинот за 12 денари по литар.