Skip to main content

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги

Поскапуваат горивата

Кај сите горива од вечерва на полноќ ќе има поскапувања, одлучи регулаторна комисија.
 |  инфодеск  | 
Точење на гориво

Кај сите горива од вечерва на полноќ ќе има поскапувања, одлучи Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се зголемува за 1 денар и од утре ќе чини 78,5 денари по литар, додека исто за 1 денар се зголемува и цената на ЕУРОСУПЕР 98 и ќе чини 80,5 денари.

ЕУРОДИЗЕЛ поскапува за 1,5 денари по литар, и од утре ќе се продава по 69 денари по литар.

Цената на екстра лесното масло се зголемува за 1 денар и ќе изнесува 67,5 денари, а мазутот поскапува за 0,6 денари и ќе чини 39,4 денари.