Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги
Поскапуваат горивата од полноќ
Според одлуката на РКЕ, бензините од полноќ ќе поскапат за еден, а дизелот за два и пол денари за литар. За два и пол денари ќе поскапи и екстра лесното масло за домаќинство
| инфодеск | Македонија
Од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат по нови, повисоки цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Според одлуката на РКЕ, бензините од полноќ ќе поскапат за еден, а дизелот за два и пол денари за литар. За два и пол денари ќе поскапи и екстра лесното масло за домаќинство.
Па така, литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 88 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 90,5 денари за литар, а литар ДИЗЕЛ ќе чини 83,5 денари. Екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 83 денари, а килограм мазут ќе од ноќеска на полноќ ќе се продава за 47,304 денари.