Skip to main content

Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ)

Од полноќ бензините и дизелот поскапуваат за половина денар

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денари/литар.
 |  инфодеск  | 
a man pumping gas into his car at a gas station

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,23% во однос на одлуката од 22 декември.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денари/литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,042 денари/килограм и сега ќе изнесува 33,649 денари/килограм.

Од вечерва на полноќ цените на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • моторен бензин Еуросупер БС-95 – 70,50 ден/л
  • моторен бензин Еуросупер БС-98 – 72,50 ден/л
  • дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) – 65,00 ден/л
  • масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 64,00 ден/л
  • мазут М-1 НС 33,649 ден/кг

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,908%, кај дизелот за 1,970%, кај екстра лесното масло за 1,282% и кај мазутот зголемувањето е за 5,201%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1801%.