Поскапуваат горивата
Од вечерва на полноќ горивата ќе се продаваат за повисоки цени за денар до денар и половина, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Моторниот бензин еуросупер БС-98 поскапува за 1,5 денари за литар, а за еден денар дизел горивото еуродизел БС и екстра лесното масло за домаќинство. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 останува иста.
Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт ќе изнесуваат:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 85,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 87,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС – 77,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно – 76,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 44,776 (денари/килограм)
Промената на цените на нафтата и нафтените деривати се должи на зголемување на референтните цени на светските берзи.