Skip to main content

Утре истекува рокот за регистрација на страснки возила со еуро 1

Од царината најавуваат дека сите оние кои нема да го сторат тоа, односно ќе ги возат возилата со странски таблици повеќе од шест месеци, прво ќе добијат мандатна казна, а потоа возилото привремено ќе им биде задржано.

 |  Маја Савиќ  | 
BG tablicki
BG таблички

avtomobilКрајниот рок за регистрација на странските возила со еуро 1 стандард истекува утре. Од царината најавуваат дека сите оние кои нема да го сторат тоа, односно ќе ги возат возилата со странски таблици повеќе од шест месеци, прво ќе добијат мандатна казна, а потоа возилото привремено ќе им биде задржано. За да си го добијат назад, од нив ќе биде побарано да се изјаснат дали ќе ги платат царинските давачки или пак ќе го изнесат возилото надвор од државата.

Од утре, увоз на странски возила ќе биде дозволен само за возила со мотор еуро 2 и тоа правило ќе важи во следните 6 години. Владата на почетокот на август го помести рокот за регистрација по констатациите дека досегашната операција за увоз на возилата со еколошкиот стандард еуро 1 дала одлични резултати.

{loadposition content9}