Skip to main content

Последни подготовки за велосипедската тура Тур де Галичица

Стазата по која ќе се вози е скоро целосно обележана, а истата во најголемиот дел се вози по падините на Галичица на ресенска страна.

 |  Мишел Наумоски  | 

Скоро се е подготвено за големата велосипедската тура Тур де Галичица 2016та. Оваа исцрпувачка и авантуристичка тура за велосипедисти која се вози по падините на Галичица, од ресенска страна е исклучително тешка и не се препорачува за почетници. На главниот настан, односно велосипедската тура му претходи забавен дел со кампување, музика и диџеи, логорски огнови и дружба.

„На 19ти почнува турата од 9 часот, стартот е од плоштадот во Ресен, кај јаболково што си велиме ние по наше. турата е обележана некаде 85 %, пак има уште некои ситници да се поминат ама тие не се проблем, тие во возење ќе ги поминиме, ќе ги средиме. Искуство мора да има. Важно е да се подготвени и физички и психички, да има соодветна опрема, кацига, велосипед подготвен, не е за кој било, пример некој што вози малку да се нафати на турата затоа што навистина тешка е, сепак е планина, не е на асфалт.“-вели Кристијан Ќулумовски-велосипедско-планинарски клуб „Преспа бајк“.

Инаку станува збор за патека долга 71 километар. Возењето започнува од Ресен, се прави круг, се вози на страната од Галичица каде што се поранешните скијачки терени, се слегува во с.Болно и потоа повторно се вози за Ресен. Инаку, годинава Тур де Галичица се одржува по трети пат.