Посредникот Хајндл повторно во Скопје
При неговата последна посета, Хајндл рече дека има излез од политичката криза во Македонија
Посредникот за решавање на политичката криза во Македонија, германскиот амбасадор во Австрија, Јоханес Ханјдл, денеска треба да пристигне во Скопје и да се сретне со лидерите на политичките партии, потписнички на Договорот од Пржино.
„Надоврзувајќи се на неговите претходни посети од минатите недели, Амбасадорот Хајндл одново ќе разговара со партиите- потписнички на Пржинскиот договор како и со претставници на меѓународната заедница“, пишува во соопштението од амбасадата.
Хајндл во Скопје ќе престојува два дена.
При неговата последна посета на 8 јуни, Хајндл рече дека има излез од политичката криза во Македонија, а тој е содржан во Договорот од Пржино, поради што е неопходно тој да се реафирмира и ревитализира, без одолговлекување.