Skip to main content

Потрошувачка кошничка vs. просечна нето плата

Македонецот врзува крај со крај со помош на магија.

 |   | 
standard
стандард

Просечната месечна исплатена нето плата во декември минатат година изнесувала 21.415 денари, додека износот на бруто платата изнесува 31 338 денари, стои во податоците на македонската статистика. Во декември минатата година, три отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Од друга страна пак, Македонија има најевтина потрошувачка кошничка споредено со земјите од регионот и од Европската унија, затоа што е најсиромашна. Уште поскандалозно е што Државниот завод за статистика веќе не ја мери потрошувачката кошничка, иако тоа го прават сите европски земји. Дали затоа што ако се измери реалната, како што прават ЕУ и другите балкански земји, ќе излезе дека македонската потрошувачка кошничка не е 200 евра, туку 500 евра, што е многу повеќе од месечната просечна плата во земјава?   Што значи, за да преживееме треба да трошиме многу повеќе отколку што заработуваме.