Потврдите за упис на децата во училиште, ќе се издаваат бесплатно
Министерството за здравство ги информира родителите дека потврдите за упис на децата во предучилишни и училишни установи може да ги обезбедат бесплатно во здравствениот дом на место на живеење.
Министерството за здравство ги информира родителите дека потврдите за упис на децата во предучилишни и училишни установи може да ги обезбедат бесплатно во здравствениот дом на место на живеење.
Потврдата за вакцинален статус ја издава службата за имунизација во здравствениот дом, а потврдата за забен статус ја издава службата за детска превентивна стоматологија.при здравствениот дом.
Овие потврди се бесплатни и ги издава исклучиво докторот кој врши вакцинација во службите за имунизација, односно службата за превентивна стоматологија и тие не треба да се издаваат од матичните лекари.
{loadposition content9}