Повторно зглемување на цената на бензинот
За половина денар се зголемува малопродажната цена на „евросупер БС-98“.
За половина денар се зголемува малопродажната цена на „евросупер БС-98“. Малопродажните цени на „евросупер БС-95“ и дизелот остануваат непроменети, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на „евросупер БС-98“ ќе изнесува 80 денари за литар. Според одлуката на РKЕ, се зголемува и цената на мазутот и таа ќе изнесува 40,8 денари за килограм.
Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период изнесуваше 101,066 долар за барел и е за 0,39 отсто повисока од просечната цена на сурова нафта по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.
Kурсот на денарот во однос на доларот, пак, во овој период изнесуваше 47,25 денари за долар и е за 0,18 отсто повисок од курсот на доларот по кој беа формирани цените.
{loadposition content9}