Skip to main content

Нема опасност да стигне до населените места

Пожарот во беровско се става под контрола

Во гасењето на 50-ина хектари, освен пожарникарите од Берово учествуваа и екипи од неколку соседни градови.
 |  инфодеск  | 
Пожар беровско

Пожарот помеѓу беровските села Будинарци и Митрашинци се става под контрола. Се очекува најдоцна до утре целосно да биде изгаснат.

Во гасењето на 50-ина хектари, освен пожарникарите од Берово учествуваа и екипи од неколку соседни градови. Од воздух, огнот со вода од беровско езеро се гасеше со полициски хеликоптер и со еден од ер тракторите на дирекцијата за заштита и спасување. 

Вториот пожар кај делчевското разловци од ноќеска е изгаснат. Таму беше опожарена површина од 40-ина хектари со сува трева, нискостеблеста, борова и дабова шума. Екипите се на терен за да се спречи евентуално ново разгорување. Од дирекцијата за заштита и спасување беа на терен и упатија апел граѓаните да бидат внимателни.

Освен шума на истокот од државата ноќеска во оган настрада и свињарска фарма во штипското село Долани. Изгореа стотина прасиња, но при интервенцијата се спасени осум маторици и околу 100 помали свињи. 

Синоќешните шумски пожари во Малешевијата и Пијанецот ги вратија сеќавањата од ланскиот голем пожар во кој изгореа над 3000 ха и се причини штета од околу 40 милиони евра на шумскиот фонд.

Извор/24.мк