Правилникот за ПП апаратите во возилата ќе се менува
Владата ќе ја разгледува можноста за измена на правилникот за употреба на ПП апарати. Владата на последната седница побара од Дирекцијата за заштита и спасување да достави информација за причините поради кои е избран видот и количината на противпожарните апарати кои треба да ги има во возилата.
Владата ќе ја разгледува можноста за измена на правилникот за употреба на ПП апарати.
Владата на последната седница побара од Дирекцијата за заштита и спасување да достави информација за причините поради кои е избран видот и количината на противпожарните апарати кои треба да ги има во возилата, за да ја разгледа можноста за измена на Правилникот со што би се дозволила употреба на ПП апарати и со помала и поголема тежина.
Целта е да се намали трошокот за граѓаните и да им се даде поголем избор при снабдувањето со противпожарни апарати за нивните патнички моторни возила.
Дирекцијата за заштита и спасување во 2005 година го изготви Правилникот за избор на видови и количества на противпожарни апарати со кои треба да располагаат граѓаните и правните лица, во кој е дефинирано патничките моторни возила и комби возилата да поседуваат еден противпожарен апарат од два килограма наполнет со АБЦ прашок.
МВР во претстојниот период ќе ги информира сопствениците на патнички моторни возила за обврската навреме да се снабдат со ПП апарат.
Направените анализи покажуваат дека обврската за задолжително поседување ПП апарат во моторните возила постои во најголемиот број од европските земји.
{loadposition content9}