Православните го слават Св. Трифун, католиците Св.Валентин
Православните верници денеска го прославуваат Св. Трифун – заштитникот на лозјата и овошките.
| Маја Савиќ | Македонија
вино и рози
Православните верници денеска го прославуваат Св. Трифун – заштитникот на лозјата и овошките. Лозарите традиционално го одбележуваат овој празник, надевајќи се дека светецот ќе им помогне грозјето да биде благо, а бочвите полни со вино.
На овој ден се попрскуваат лозјата со светена вода и се поткаструваат се уште незапупените гранчиња со што се верува дека Св. Трифун ќе го заштити родот од разни болести, штетници и од невреме.
На овој ден, пак, католичките верници го слават Св. Валентин – Денот на вљубените, празник што станува се популарен и кај нас. Вљубените си разменуваат љубовни пораки, си подаруваат цвеќе, чоколади, кадифени мечиња и подароци во облик на срце, а излозите на продавниците се украсени со најразлични подароци во црвена боја.

{loadposition content9}