За празниците – дома
За Нова година и Божиќ дома. Македонските граѓани не се во финансиска кондиција за празнување вон границите на државата.
| Маја Савиќ | Македонија

лампиони

Ваквата слаба заинтересираност, за туристичките работници е резултат на нискиот стандард, но и на неможноста да се прославува подолго од два-три дена. Иако помасовно зимување очекуваат по божиќните празници, сепак нема да изостане и новогодишна прослава во домашните ски центри Маврово и Крушево. Од понудите за славење во регионалните центри најпримамливи се плоштадите во Солун, Белград и Загреб, како и ски центрите Банско, Боровец, Златибор и Копаоник.
Наспроти спласнување на интересот кај средната класа од населението кои главно досега празнуваа во околината, туристичките работници и натаму тријат раце од побогатите кои за нова година ќе патуваат во Прага, Будимпешта, Париз, Рим. За дел од нерезервираните аранжмани агенциите очекуваат интерес во последен момент како што секоја година е пракса на македонците.
{loadposition content9}