Предложени девет нови амбасадори
Владата на вчерашната седница предложи 9 нови амбасадори, кои треба во следните денови да бида назначени на новите функции.
Така меѓу кандидатите за амбасадори се Орхан Муртезани, кој треба да биде нов амбасадор на НАТО. Во Обединетото Кралство заминува Илина Мангова, а зад себе има долгогодишна кариера во невладиниот сектор и била дел од раководството на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).
Линда Саљиеска Иљазоска е кандидатка за амбасадорка во Хаг. Крум Ефремов ќе биде новиот македонски амбасадор во Бугарија. Габриел Атанасов ќе го менува Андреј Жерновски во Романија.
Веле Трпевски ќе биде амбасадор во Тирана, во Токио заминува Андријана Цветковиќ, Димитар Блажевски во Киев, Фадиљ Зендели во Копенхаген.
Во моментов, околу половина од над 50-те дипломатско-конзуларни претставништва во светот се без амбасадори или шефови на мисии.
Согласно законот, предложените амбасадори ќе треба своите планови да му ги претстават на Собранието во Комисијата за надворешна политика по што претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе треба и официјално да ги испрати во дипломатска мисија.