Skip to main content

Нашите преговарачи ги пренесоа забелешките до Нимиц

Македонските преговарачи во спорот со името Никола Димитров и Мартин Протуѓер му ги пренесоа забелешките на медијаторот Метју Нимиц.

Nikola Dimitrov
Nikola Dimitrov
Македонските преговарачи во спорот со името Никола Димитров и Мартин Протуѓер му ги пренесоа забелешките на медијаторот Метју Нимиц.

Димитров и Протуѓер на Нимиц вчера попладне му ги пренеле познатите позиции на Република Македонија во однос на неговиот последен пакет идеи, јавија електронските медиуми.

„Беа понудени и реафирмирани аргументите, кои стојат зад интересите на државата и нацијата. Разговаравме за процесот. Не би можел да кажам детали за суштината на разговорите бидејќи прашањето за името е од исклучително значење за Македонија и ќе биде контрапродуктивно и во однос на државата и во однос на националниот интерес да се обелоденат повеќе детали“, истакна Димитров.

zname EUСпоред него, македонскиот преговарачки тим имал корисна средба со Нимиц.

„Рано е да се каже дали Нимиц ќе патува во Атина и Скопје, но секако дека ќе има контакти со грчката страна во блиска иднина“, додаде Димитров.

 

{loadposition content9}