Skip to main content

Премиерот Груевски на Самит на Европската народна партија во Брисел

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска во Брисел ќе присуствува на Самитот на лидери, премиери и претседатели на држави од редовите на Европската народна партија (ЕПП).

logo
лого
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска во Брисел ќе присуствува на Самитот на лидери, премиери и претседатели на држави од редовите на Европската народна партија (ЕПП).

На средбата ќе се дискутира на повеќе актуелни теми, меѓу кои светската економска криза и мерките за нејзиното надминување. На Самитот е најавено учество на германскиот канцелар Ангела Меркел, францускиот претседател Никола Саркози, италијанскиот премиер Силвио Берлускони, претседателот на Европската комисија Хозе Мануел Баросо, поранешниот словенечки премиер Јанез Јанша, премиерот на Холандија Јан Питер Балкененде и други личности од политичкиот живот во Европа.

EPPГруевски, во рамки на еднодневната посета на Брисел, на Самитот ќе разговара со повеќе од присутните личности, пред кои ќе ги презентира мерките и реформите што Владата на Република Македонија ги презема за справување со светската економска криза во оваа фаза. Битен сегмент ќе заземат и разговорите за евроатлантските интегративни процеси на Република Македонија и мерките што Владата ги презема за членство на Република Македонија во НАТО и ЕУ.

 

 

 

{loadposition content9}