Претседателот Иванов во посета на Израел
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов од денеска до среда ќе престојува во Израел каде што ќе учествува на Меѓународната конференцијата „Facing tomorrow 2009“.
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов од денеска до среда ќе престојува во Израел каде што ќе учествува на Меѓународната конференцијата „Facing tomorrow 2009“.
На собирот во Ерусалим, што ќе го отвори израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, ќе учествуваат и претседателите на Чешка Вацлав Клаус, на Хрватска Стипе Месиќ, на Источен Тимор – нобеловецот Хозе Рамон Хорта, поранешниот претседател на Украина Леонид Кучма и поранешниот шпански премиер Хозе Мариа Азнар.
Предвидено е шефот на македонската држава за време на престојот во Израел, да има средби со израелскиот претседател Шимон Перес и со министерот за надворешни работи Авигдор Либерман. Иванов ќе го посети и Меморијалниот центар „Јад Вашем“ каде што ќе положи венец во спомен на жртвите на Холакустот, а ќе се сретне и со Евреи кои потекнуваат од Република Македонија.
Македонскиот претседател за Израел замина од Турција каде што во изминатите неколку дена имаше средби со турскиот државен врв – претседателот Абдула Ѓул, премиерот Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Парламентот Мехмед Али Шаин, како и со вселенскиот патријарх Вартоломеј.
{loadposition content9}