Претрес во куќата на Рамковски, запленети компјутер, мобилни телефони и документи
Покрај Рамковски вчера беа уаспени уште 13 управители и основачи на фирми лоцирани на Перо Наков бб. А1 јави дека вечерва од страна на инспекторите била уапсена и најстарата ќерка на Рамковски, Емел.
| Маја Савиќ | Македонија
Велија Рамковски
Сопственикот на А1 Телевизија Велија Рамковски ја помина ноќта во полициската станица во Автокоманда. Тој синоќа, некаде околу 22:30 беше уапсен во во зградата на телевизијата. А1излезе со информација дека го уасиле полицајци во цивил. Пред телевизијата се паркирале неколку возила, од кои излегле дваесетина припадници на специјалните полициски сили.
Полицијата изврши и претрес во куќата на сопственикот на A1 телевизија Велија Рамковски. Полициски специјалци го обезбедуваа кругот околу куќата додека инспекторите внатре вршеа претрес. Полицијата од куќата на Рамковски го запленила компјутер, мобилните телефони, имотниот лист на куќата на Рамковски и проспектот за имотот на Рамковски во Нерези.
Покрај Рамковски вчера беа уаспени уште 13 управители и основачи на фирми лоцирани на Перо Наков бб. А1 јави дека вечерва од страна на инспекторите била уапсена и најстарата ќерка на Рамковски, Емел. Уапсена е и управителката на А1 Анета Кочишки. Меѓу приведените се братото на Велија, Амди Рамковски, Ѓултен Џемаили која е еден од управителите на фирмите а каде полицијата неодамна пронајде поголема количина пари и документи, Жаклина Ѓорѓиева исто така управител на една од фирмите, Ибраим Ибраими, Невим Рауф, Наташа Крстанова, Зоран Митевски, Жарко Стојановски.
Доцна синоќа, полицијата и Управата за јавни приходи соопштија дека Рамковски и останатите се приведени поради основано сомнение за злосторничко здружување, перење пари, затајување данок и прибавување противпрвна корист. Според директорот на Управата за Јавни приходи Горан Трајковски Рамковски нелегално заработил 16 милиони евра .Тој изјави дека тоа се црни пари ,а до сега е пресметано затаил повеќе од 4 милиони евра данок од кои поголемиот дел се по основ на данок за додадена вредност, а останатиот дел за данок на добивка. Се уште не е пресметано дали има затајување по основ на персоналниот данок. Трајковски тврди дека досега пронашле докази за затајување данок во единаесет фирми, а за затајување данок се осомничени 24 лица. Поврзаноста на Велија Рамковски со овие лица и фирми, вели Трајковски, е според податоците што се анализирани за период од 2005 до 2010 година.
Директорот на УЈП потенцираше дека сопственикот на А1 и неговото семејство ги основале најголемиот број од фирмите кои се под истрага. Меѓу фирмите се и Б1 продукција, Време Еч , Хедис, Плус Продукција. Откако ги основале Велија Рамковски и неговото потесно семејство не ги продавале фирмите туку ги давале на подарок на лица од нивното пошироко семејство како и други лица . Меѓу нив се и Ѓултен Џемаили која е снаа во семејството Рамковски, Ибраим Ибраими брат на сопругата на Рамковски ,братот на Велија Рамковски Амди Рамковски. Дел од единаесетте фирми кои се под истрага се активни и преку нив е вршен промет, а еден дел биле во состојба на хибернација односно не биле згаснувани но немале никаков промет.
{loadposition content9}