Претседателот Иванов на неформална регионална средба во Албанија
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска ќе отпатува во албанскиот град Валона на неформалната средба со неговите колеги од Албанија, Косово и Црна Гора, Бамир Топи, Фатмир Сејдиу и Филип Вујановиќ.
Дводневната средба се одржува на покана на албанскиот претседател Топи и според најавата од неговиот Кабинет, таа е во функција на продлабочување на регионалната соработка.
Според Кабинетот на албанскиот претседател, четворицата шефови на држави на средбата ќе разговараат за „билатералните односи, регионалната соработка и за перспективите за развој во насока на заедничката евроатланска визија на земјите од Западен Балкан“.
Претседателот Иванов попладнево ќе има билатерални средби со своите колеги учесници на неформалниот собир.
{loadposition content9}