Претседателот на НЗ ,,Храбро срце” оствари средба со министерот Спасовски
Денес, претседателот на НЗ ,, Храбро срце” – Васко Јолески оствари средба со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
На средбата беа дискутирани можни решенија за логистичка поддршка за обезбедување транспорт на дополнителна стручна поддршка на тим од лекари од странство со цел навремено да пристигне во Македонија во случај да има компатибилен орган за трансплантација кај лице со механичка циркулаторна потпора на срце.
“Министерот даде ветување дека ова барање ќе го проследи до премиерот Димитар Ковачевски и до Владата со цел изнаоѓање решение за транспортот и да се излезе во пресрет на пациентите со механичка потпора на срцето (LVAD/BIVAD) кои чекаат орган на националната листа за трансплантација.Се надеваме дека соработката ќе се продлабочи до конечно изнаоѓање решение што ќе биде во полза на пациентите со механичка потпора за продолжување на нивните млади животи, информираат од НЗ ,, Храбро срце “.