Skip to main content

Претседателот Иванов ќе одржи говор на Минхенската безбедносна конференцija

Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска ќе има обраќање на Минхенската безбедносна конференција во рамките на панел дискусијата „Иднината на европската и глобалната безбедност“.

 |  Маја Савиќ  | 
Ivanov
Иванов

Munich security conferenceИванов на маргините на  конференцијата ќе оствари и билатерални средби со високи функционери од повеќе земји на кои ќе се потенцираат сите прашања од сферата на безбедноста и уделот на Македонија во меѓународните мисии.

На 46. Минхенска безбедносна конференција, која почна вчера попладне а ќе трае до утре, учествуваат 300 шефови на држави, влади, високи функционери, опозициски лидери и претставници на организации од целиот свет.

Конференцијата вчера ја отвори претседавачот Волфганг Ишингер, а во воведниот дел говореа и германскиот министер за одбрана Карл-Теодор Гутенберг и министерот за надворешни работи на Кина Јанг Џиечи.

Покрај дискусиите за традиционалните теми како што се трансатлантската и европската безбедносна архитектура, конференцијата се фокусира на безбедноста и стабилноста во поширокиот регион на Блискиот Исток, како и на разоружувањето, контролата врз вооружувањето и нуклеарното разоружување. Ишингер се надева дека ќе добие нови информации за рускиот предлог во однос на европската безбедносна архитектура и за потпишувањето на американско-рускиот договор за намалување на стратешки оружја (Старт 2). Панел дискусиите годинава се фокусираат и на Авганистан и новата стратегија на НАТО.


{loadposition content9}