Skip to main content

Министерство за здравство

Пријавување за вакцинација против сезонски грип

Станува збор за четиритипна вакцина против сезонски грип, од производителот компанијата „Абот“ од Холандија.
 |  инфодеск  | 
Вакцина против грип

Од денеска преку страницата vakcinacija.mk почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризичните групи, информира Министерството за здравство.

Со пополнување на апликацијата се регистрирате за вакцинација директно во системот „Мој Термин“. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, преку смс ќе добиете повратна информација за точниот датум, час и место кога треба да се вакцинирате – соопштија од Министерството за здравство.

Станува збор за четиритипна вакцина против сезонски грип, од производителот компанијата „Абот“ од Холандија.

Бесплатната вакцинација против сезонски грип е незадолжителна, наменета е за лицата над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, како и деца на возраст од шест месеци до пет години.

Од министерството за здравство потенцираат дека „вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи“.