Принцот од Кент во Македонија
Принцот Мајкл од Кент заедно со висока бизнис делегација од денеска престојува во петдневна посета на Македонија.
Британската бизнис делегација во текот на работната посета на земјава ќе оствари повеќе средби со стопанственици околу можностите за воспоставување деловна соработка и нови британски инвестиции во Македонија.
Попладнево во зградата на владата принцот Мајкл ќе оствари средба со премиерот Груевски, по што британската деловна делегација предводена од принцот Мајкл ќе учествува на бизнис форумот во владата на кој ќе присуствуваат премиерот како и членови на економскиот тим на владата.
Посетата на принцот Мајкл од Кент е трета посета на член од британското кралско семејство на Македонија. По посетата на принцот Чарлс од Велс во 1998 година, и принцот Едвард кој во 2006-та присуствуваше на отворањето на новите простории на британската амбасада.
{loadposition content9}