Skip to main content

Клиничка болница тетово

Приведен анестезиолог кој објавувал пациенти на тик ток

Анестезиолог, вработен во Клиничката болница Тетово снимал и објавувал преку мрежата „тик ток” лекарски персонал и пациенти на кои им се пружала лекарска помош.
 |  инфодеск  | 
Анестезиолог

Приведен анестезиологот кој снимал и објавувал пациенти на „тик ток”, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Анестезиологот, кој има 43 години, бил приведен на 14 април, во тетовското село Одри.

Пријава против него поднел директорот на Клиничката болница Тетово. Тој пријавил дека анестезиологот, кој бил вработен во болницата, снимал и објавувал преку мрежата „тик ток” лекарски персонал и пациенти на кои им се пружала лекарска помош.

За случајот е известен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Лекарската комора најостро го осудува инцидентот со анестезиологот кој објавувал видео снимка од пациенти на социјалните медиуми.

Барањето за почитување на сопствените права, тргнува од почитувањето на туѓите права, во случајов правата на пациентите, затоа во најкус рок органите на Комората ќе бидат свикани да го разгледаат случајот и да преземат активности и мерки – стои во соопштението на Лекарска комора.

Оттаму наведуваат дека лекарите се обврзани професијата да ја вршат совесно и одговорно, да ги почитуваат човековото достоинство и правата на болните и да ја чуваат нивната доверба.