Skip to main content

Продолжува потрагата по гробот на Александар Македонски

Хрватскиот истражувач Домагој Николиќ наредните денови во земјава ќе биде дел од  интернационалниот  експертски тим со кој ќе се обиде да ја разреши мистеријата дали гробот на Александар Македонски се наоѓа во Овче Поле.

aleksandar makedonski
александар македонски

Хрватскиот истражувач Домагој Николиќ наредните денови во земјава ќе биде дел од  интернационалниот  експертски тим со кој ќе се обиде да ја разреши мистеријата дали гробот на Александар Македонски се наоѓа во Овче Поле.
 
Со ова, за прв пат во Македонија ќе се врши археоакустично и електромагнетно истражување, а се повикуваат и сите заинтересирани лица да дојдат на местото на настанот и да се запознаат со работата и научниците. Нема никакви рестрикции освен тоа дека мобилните на посетителите треба да бидат изгаснати бидејќи би можеле да предизвикаат пречки во работата.

aleksandar makedonskiРаботите ќе се изведуваат под раководство на стручниот раководител за археолошки истражувања проф. д-р Драги Митревски. Неговиот стручен тим е составен од вработените во Градскиот Музеј во Свети Николе – Александар Арсов, историчар; м-р Владимир Атанасов, археолог и Александар Нацев, археолог. Интернационалниот експертски тим доаѓа со опрема од доо “Demiurg” од Загреб. Тимот го сочинуваат: д-р Слободан Миздрак, м-р Домагој Николиќ, д-р Паоло Дебертолис, д-р Велимир Абрамовиќ, д-р Аристотел Тентов, д-р Златан Аличевиќ, Хеики Саволаинен, Игор Томек и Никола Ристевски.

Инаку, тимот претходно има вршено истражувања во Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Србија, Италија, Велика Британија, Египет, Судан, Иран, Малта.

{loadposition content9}