Skip to main content

Продолжува штрајкот на СОНК

Штрајкот на просветните работници продолжува и денеска, беше одлучено на синоќешната вонредна седница на Синдикатот за образование, наука и култура(СОНК).

ucilnica
училница
Штрајкот на просветните работници продолжува и денеска, беше одлучено на синоќешната вонредна седница на Синдикатот за образование, наука и култура(СОНК).

Лидерот на СОНК, Дојчин Цветановски синоќа изјави дека вонредната седница е свикана поради силните притисоци што штрајкувачите ги чувствуваат од Владата.

ucilnicaНа седницата присуствуваа и вицепремиерот Зоран Ставревски, министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска, како и министерот за образование Перо Стојановски.

Вицепремиерот Ставревски рече дека Владата сега не може да обезбеди дополнителни средства за зголемување на платите, поради светската економска криза што почна да ја погаѓа и Македонија.

Тој додаде дека Владата сака да го реши проблемот на просветарите, но дека покачување би можело да има дури од 2010. година.

 

 

{loadposition content9}