Продолжува судењето за аферата „Телеком“
Тројцата поранешни менаџери на „Маѓар Телеком“, обвинети за потплатување на политичари во Македонија и во Црна Гора, ќе продолжи на 17 април, кога одбраната ќе поднесе образложение на својата жалба поради одлуката дека судот во Њујорк е надлежен во овој спор.

Обвинетите менаџери Елек Штрауб, Андраш Балог и Тамас Морваи преку своите правни застапници се обидоа да ја оспорат надлежноста на Јужниот окружен суд во Њујорк да постапува по обвиненијата против нив. Во февруари судијата Ричард Саливен во целост ги отфрли барањата на тројцата менаџери, по што одбраната најави жалба на оваа одлука.
На рочиштето одржано на 3 април во Њујорк, судијата Саливен најави дека одбраната треба своето образложение на жалбата да го достави на 17 април, по што на почетокот на мај Комисијата за хартии од вредност на САД, која ги тужи тројцата менаџери, треба да ги даде своите контра-аргументи. Комисијата за хартии од вредност ги тужи Штрауб, Балог и Морваи дека во 2005 година дале мито на политичари од Владата на Македонија со цел да се спречи воведувањето на конкуренција на телекомуникацискиот пазар во Македонија.
{loadposition content9}