Професионалните војници на марш низ Скопје
Професионалните војници, по една недела протест пред владата, за сабота најавија протестен марш низ Скопје.
војници
Професионалните војници, по една недела протест пред владата, за сабота најавија протестен марш низ Скопје.
Тие ќе маршираат покрај Соборниот храм, Собранието и крај Мавровка назад до Владата, за да го засилат притисокот за решавање на нивниот статус.
Професионалните војници бараат гаранции од државата за вработување, откако по наполнети 38 години остануваат невработени.
Тие ја отфрлија понудата на Владата да преминат во активна резерва, до наполнување на 48 години, за што би добивале само третина од платата.
{loadposition content9}